Лазо Дамовски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Лазар Дамовски - Ошенски (17 август 1897 - 25 февруари 1970 ) — македонски деец од Егејска Македонија.[1][2]

Кратки факти Роден, Починал ...

Роден е во селото Ошени, Костурско. Уште како дете е принуден заедно со татко си да печалбарува во Грција. Во градот Лариса се вклучува во синдикалното движење, а подоцна влегува во редовите на КПГ. Поради неговата активност е избран во раководството на партијата. Бил апсен повеќепати од грчката полиција, а Втората светска војна ја затекнал како заточеник на островот Акронавплија. По ослободувањето од затворот во јуни 1941 година, активно работи во организацијата ЕАМ, секретар е на Окружниот комитет на КПГ во Лариса, потоа во Епир, а кон крајот на 1943 година доаѓа за секретар на СНОФ за Костурско. Не се согласува со ставот на КПГ по македонското прашање, поради што е уапсен и деградиран од истата партија. По спогодбата на Варкиза пребегнува во НР Македонија, каде ја продолжува својата политичка активност сè до неговата смрт во 1970 година.[3][4]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Литература

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads