Лаишта (Ново Село)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Лаиштаархеолошко наоѓалиште во охридското село Ново Село, Општина Дебрца. Претставува гробница од римско време.

Повеќе информации Основни податоци ...

Се наоѓа на околу 2 км југозападно од селото и на околу 50 м од магистралниот пат Охрид - Кичево (А2). Претставува елипсовидна тумба со правец на протегање југ-север. Во нејзиниот југоисточен дел случајно е откриен архитектонски објект поставен во правец исток-запад.

Најверојатно претставува ѕидана гробница со сводеста конструкција. Ѕидовите се градени од тули и малтер во комбинација со бигорни камења. Внатрешниот дел од гробницата е малтерисан. Во источниот дел има отвор со димензии од 0,60 × 0,88 м.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads