Ламприни Цакалу

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ламприни Цакалу
Remove ads

Ламприни Цакалу (родена на 7 август 1993 ) е грчка ракометарка, среден или десен бек на Подравка Копривница и на грчката репрезентација.

Кратки факти Лични податоци, Роден(а) ...
Remove ads

Кариера

Цакалу е родена во Арта, град во којшто се наоѓа еден од најуспешните женски ракометни клубови во земјата, Анагениси Артас. Таа започнала да игра ракомет како дете во своето училиште, кога тогашниот тренер на Анагениси Артас, Фотуидиу ја приметила и ја повикала да му се приклучи на клубот.[2] Во 2010 година, Ламприни ја напуштила својата родна Арта и се преселила во ОФ Неа Јонија. Со овој клуб таа освоила 4 титули во грчкото првенство и две во Купот на Грција.

Во 2017 година, Цакалу потпишала словенечкиот Крим. Со Крим дебитирала во најсилното европско ракометно женско натпреварување, Лигата на шампионите, во натпреварот против ЧСМ Букурешт од групната фаза. Во првата сезона во Крим ги освоила словенечко првенство и Купот на Словенија, а истите натпреварувања ги освоила и следната сезона откако клубот од Љубљана успеал да ги одбрани титулите.

Во летото 2019 година, Цакалу потпишала за хрватскиот клуб Подравка Копривница.

Remove ads

Титули

Грција Неа Јонија

  • Грчко првенство (4) : 2014, 2015, 2016, 2017
  • Куп на Грција (2) : 2015, 2017

Словенија Крим

  • Словенечко првенство (2) : 2018, 2019
  • Куп на Словенија (2) : 2018, 2019

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads