Ландсберг (Саксонија-Анхалт)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ландсберг (Саксонија-Анхалт)map
Remove ads

Ландсберг (германски: Landsberg) — град во округот Зале, во покраината Саксонија-Анхалт во Германија со околу 12.000 жители. Ландсберг се наоѓа во поголемата урбана зона на Хале.

Кратки факти Земја, Местоположба на градот Ландсберг во рамките на округот Зале ...

Најстариот доказ за населба во близината на Ландсберг е од новото камено доба. Првото документирано спомнување на населбата дошло во 961 како „civitas holm“ во документ од царот Отон I. Во 1579, Ландсберг ги добил градските права од војводите на Саксонија.

Видлив дури и далеку од градот е една од знаменитостите на Ландсберг, Двојната капела, изградена во романски стил на карпа. Се верува дека потекнува до дванаесеттиот век и припаѓала на замок, чии остатоци се единствено од ѕидот.

Надалеку познат во Ландсберг е Felsenbad („карпеста бања“), комплекс на базен со платформи за скокања, олимписки базен од 50 метри и огромен плиток базен, каде што непливачите може да се избањаат.

Remove ads

Грб

Грбот на Ландсберг, првпат се појавил во доцниот 12. век и маргрофот од династијата Ветин, локални владетели од 10. век, го користеле како негов грб. Архивирано на 5 февруари 2012 г.

Thumb
Ландсбершката Doppelkapelle („двојна капела“)

Знаменитости

  • Двојна капела на светиот крст (St. Crucis) (на сликата)
  • Градско собрание
  • Nicolaikirche (евангелистичка црква која потекнува од 13 до 15 век)

Делови на градот

Ландсберг е поделен на 17 административни единици: Багериц, Дројсих, Голма, Гиц, Клепциг, Коквиц, Лонсдорф, Петерсдорф, Квајс, Рајнсдорф, Ројсен, Ројчген, Швец, Зич, Шпикендорф, Видерсдорф и Цвебендорф.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads