Ларва

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ларва
Remove ads

Ларва — степен на развојот на разни животни[1] при преобразба (метаморфоза) од млада во возрасна единка. Овој степен на развој го имаат животните со посреден развој како што се инсектите, водоземците и жаркарите.

Thumb
Ларва на стрижибуба
Thumb
Десетдневни полноглавци
Thumb
Гасеница

По изглед, ларвата е многу различна од возрасниот облик на животното (на пр. гасеница наспроти пеперутка) и често има посебни поргани што не постојат кај возрасната единка и сосема поинаква исхрана.

Во многу случаи ларвите живеат во различни средини од возрасните. Така, полноглавците живеат исклучиво во вода, и ќе созреат стануваат копнено-водни жаби. Со ова, младите добиваат заштита од грабливи животни и не се натпреваруваат со возрасните за истата храна. Некои, како прилепците се неподвижни како возрасни, но подвижни како ларви.

Ларвците на извесни видови (да речеме, дождалците) можат да влезат во пубертет, но да не продолжат со развојот до степен на возрасни единки. Ова претставува тип на неотенија.

Постојат погрешни сфаќања дека ларвата секогаш ја одразува еволутивната историја на животното (заедничкиот предок на групата). Ова е точно за некои животни, но честопати ларвалната фаза има своја споредна еволуција, како што е случај кај инсектите. Во овие случаи, возрасната единка може да се послична на предокот од нејзиниот ларвален облик.

Разни животни имаат разни облици на ларви со разни називи. На пример, ларвата на пеперутката се нарекува гасеница, кај водоземците, тоа е полноглавец итн.

Remove ads

Ларвата како тема во уметноста

Поврзано

  • Кукла (биологија)
  • Нимфа (биологија)
  • Имаго
  • Мрест
  • Полноглавец
  • Гасеница
  • Ихтиопланктон

Наводи

Литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads