Латвиска Национална Опера
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Латвиска Национална Опера или ЛНО (латвиски: Latvijas Nacionālā opera) — национална опера на Латвија, чие седиште се наоѓа во престолнината Рига[1] . Во нејзиниот состав спаѓаат и Латвискиот национален балет (ЛНБ), Латвискиот национален хор (ЛНХ) и Латвискиот национален оркестар (ЛНО).
Remove ads
Историја
Во Рига постоел театар на кој се прикажувало на германски, кој исто така нудел и опера и балет уште од 1782 година и тој бил сместен во Градскиот театар на Рига од 1863 година.
Првиот обид да се создаде латвиска национална опера била 1893 година, кога била изведена Spoku stunda[2] . Латвиската опера (Latviešu Opera) била основана во 1912 година од страна на Павулс Јурјан, иако речиси веднаш, за време на Првата светска војна, оперистите биле евакуирани во Русија. Во 1918 година, операта се рестартирала под името Latvju Opera предводена од Јазепс Витолс, основач на Латвиската академија за музика. Дебитантната изведба на 23 јануари 1919 година била на Вагнеровата Der fliegende Holländer. Од 1944 година, по окупацијата на Латвија од страна на Советскиот Сојуз и паѓањето под советско влијание, Латвиската Национална Операбила затворена до 1995 година поради реновирање и седиштето се преселило во привремени простории. При повторното отворање во 1995 година, првата опера била Uguns un nakts („Оган и ноќ“) од Јанис Мединш.
Remove ads
Објект

Националната опера била изградена во 1863 година од страна на архитектот од Санкт Петербург, Лудвиг Бонстед. Во текот на својата историја, објектот бил на неколкупати реновиран, и тоа: 1882-1887 (по пожарот во 1882), 1957-1958, 1991-1995 (по независноста)[3]. За последен пат бил обновен во 2001 година кога била изградена нова сала од 300 места.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
