Латински деклинации

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Латинскиот е флексивен јазик, и како таков неговите именки, заменки, и придавки се деклинираат за да ја послужат нивната граматичка улога. Збир од деклинирани форми се нарекува деклинација. Во латинскиот има 5 деклинации, кои се набројани и групирани по наставка и род.

Падежи

Целосната деклинација се состои од седум падежи:

  • Номинатив, кој се користи за изразување на предметот на исказот. Исто така се корсти и со копулативни глаголи.
  • Генитив, кој се користи за изразување на имателство, измерување или извор. На македонски, генетивот се претставува аналитички со зборот на; инфлексивно се употребуваат и наставките „-ов“, „-ва“ и „-во“ за еднина и „-ви“ за множина за бил кој род. Пр. (Марков Манастир, Маркова Река, Црешово Топче, Маврови Анови)
  • Датив, го искажува примателот на дејствието, т.е. индиректниот предмет на глаголот. На македонски, предлозите на, од и за најчесто ја вршат оваа улога аналитички. Меѓутоа падежните остатоци во македонскиот дозволуваат синтетичка употреба слична на латинскиот заедно со предлогот, во мешан манир - пр. Му реков на Игора. Тука наставката „-а“ ја врши улогата на датив, додека предлогот „на“ си го задржува местото и улогата, што не е случај со вистинските синтетички јазици.
  • Акузатив, кој го изразува директниот предмет на глаголот. На македонски, номинативот и акузативот се идентични, освен во случај остатоците од старасловенскиот (пр. кој > кому).
  • Вокатив, се користи за директно обраќање некому. Иако повеќе не се смета за падеж, овој граматички елемент е наполно присутен во македонскиот. Пр. мамо!, Мартине!, планино!, Боже!
  • Аблатив, кој изразува одделност, индирекција, или начин на изведба на нешто. Во македонскиот наместо тоа се користат предлозите крај, со и од.
  • Локатив, кој се користи за да се изрази место во или на кое, или во времето во кое, нешто се случило. Локативот скоро и да не постои во латинскиот, и важи само за некои имиња на места, и затоа е идентичен со дативот (во првата, втората и третата деклинација) и аблативот (во четвртата и петтата деклинација).
Remove ads

Деклинации на именки

Постојат 5 деклинации на именките во латинскиот јазик.

Прва деклинација

Именките од оваа деклинација обично завршуваат на –а и типично се од женски род. Значи буквата која предоминира на крајот од зборот е a.

Треба да се знае дека латинскиот нема членови и како таков не ги разликува зборовите девојка и девојката; истиот збор, puella, ги означува двете.

Повеќе информации Падеж, Наставка ...

Втора деклинација

Именките од оваа деклинација обично завршуваат на –us, –um, или –r и се типично од машки или среден род. ТУка предоминира буквата o на крајот од зборот.

Повеќе информации Падеж, Наставка ...
Повеќе информации Падеж, Наставка ...
Повеќе информации Падеж, Наставка ...

Трета деклинација

Именките од третата деклинација завршуваат со согласка; тие се од женски, машки, и среден род.

Повеќе информации Падеж, Наставка ...
Повеќе информации Падеж, Наставка ...
Повеќе информации Падеж, Наставка ...

Четврта деклинација

Именките од четвртата деклинација имаат (номинативна наставка) –us, и се обично од машки, или –ū, кои се секогаш од среден род. Кај овие именки предоминира буквата u на крајот.

Повеќе информации Падеж, Наставка ...
Повеќе информации Падеж, Наставка ...

Петта деклинација

Именките од петтата деклинација завршуваат со –ēs и речеси секогаш се од женски род.

Повеќе информации Латински падеж: Петта деклинација, женски род, Еднина ...

Пример II (парадигма diēs - ден )

Повеќе информации Латински падеж: Петта деклинација, машки род, Еднина ...

Оваа класа на деклинација била позледната која се развила во латинскиот јазик; единствените именки кои наполно се деклинираат се diēs и fidēs.

Од зборот rēs доаѓа зборот rēs pūblica (република): нешто на луѓето.

Remove ads

Деклинации на придавки

Придавките се делат на две деклинациони класи. Првата („наречена прва и втора деклинација“) ги комбинира a и o-деклинациите на именки, со тоа што a-наставките се додаваат за женски, а o за машки род. Придавките од среден род од оцаа класа одат по шемата за именките од среден род од o-класата.

Другата класа на придавки (наречена „трета деклинација“) е слична на третата класа за именки, со важната разлика дека речиси сите вакви придавки прават аблатив еднина со -ī, а не со -e. Номинативната еднина на ови придавки исто така често се бележи за род на различни начини.

Една мала класа на придавки одат по т.н. „заменска деклинација“, објаснета подолу.

Деклинација на заменки

Односните и демонтративните заменки генерално се деклинираат како придавките од првата и втората деклинација, со следниве разлики:

  • номинативите често се неправилни
  • дативната еднина завршува на -ī, а не на -ae или -ō.
  • генитивната еднина завршува на -īus, а не на -ae или -ī.

„Заменската“ деклинација се распознава токму по овие разлики, а и неколку придавки ја следат оваа шема.

Показни заменки

Повеќе информации Показна заменка: is/ea/id, Падеж ...
Повеќе информации Показна заменка: ille/illa/illud, Падеж ...
Повеќе информации Показна заменка: hic/haec/hoc, Падеж ...
Повеќе информации Односна заменка: qui/quae/quod, Падеж ...

Лични заменки

Повеќе информации Односна заменка: is/ea/id, Падеж ...
Повеќе информации Односна заменка: ille/illa/illud, Падеж ...
Повеќе информации Односна заменка: hic/haec/hoc, Падеж ...
Повеќе информации Односна заменка: qui/quae/quod, Падеж ...
Remove ads

Поврзано

  • Латински коњугации

Надворешни врски

Кратки факти
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads