Леонардо Улоа
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Хосе Леонардо Улоа (роден во Хенерал Рока, 26 јули 1986) — аргентински фудбалер, напаѓач, кој моментално е без клуб.
Remove ads
Кариера
Рани години / Кастељон
Роден во Хенерал Рока, Рио Негро, Улоа ја започнал својата кариера во 2002 година, играјќи за екипата од аргентинската Втора дивизија Комисион де Активидадес Инфантилес. Во 2005 тој се преселил во прволигашот Сан Лоренцо, каде што тој бил дел од тимот кој ја освои Клаусура 2007.
Набргу потоа, Улоа му се приклучил на Арсенал де Саранди во кој не останал долго, бидејќи на почетокот на 2008 година се преселил во екипата на Олимпо. Меѓутоа поради несогласувањата со клубот во летото истата година, тој се преселил во Шпанија потпишувајќи за екипата од Сегунда Дивизион Кастељон, каде повторно ќе соработува со поранешниот соиграч и сонародник од екипата на КАИ Хосе Карлос Табарес. Тој постигнал 16 гола во неговата дебитантска сезона, со што бил најдобар стрелец на својот тим и шести во лигата. Следната сезона Улоа имал слични бројки во своите перформанси - 15 гола на 38 натпревари, но Кастељон завршил на 22.место последно) во лигата и испаѓа во понизок ранг.
Алмерија
Кон крајот на јуни 2010 година Улоа го напуштил Кастељон, но останал во Шпанија потпишувајќи пет-годишен договор со Алмерија која таа сезона се натпреварувала во Ла Лига.[1] Тој го направил своето деби за андалусијците на 29 август 2010, во ремито без голови против Осасуна влегувајќи како замена во второто полувреме на местото на Корона. Веќе во следниот натпревар игран на 13 септември, Улоа го постигнал својот прв гол во дресот на Алмерија во последните моменти од натпреваротна домашен терен со Реал Сосиедад за да израмни на 2-2, по одличен поединечен продор. Следниот месец, против истиот противник во Копа дел Реј тој постигнал два гола во последните 20 минути за да му помогне на својот тим да се врати од 0-2 и да победи со 3-2, во Баскија. На 22 декември 2010 година, повторно во натпревар од купот, Улоа постигнал три гола и асистирал за уште еден, кога Алмерија ја совалада Мајорка со 4-3 во првиот натпревар,[2] и поминале понатаму со вкупен резултат 8-6. На 16 јануари 2011 година го постигнал својот пет првенствен гол за да изедначи на 1-1 во ремито на домашен терен против Реал Мадрид, откако ја завршил одличната акција на сонародникот Пабло Пјати.[3] Својата прва сезона во дресот на Алмерија ја завршил со 7 постигнати гола во Ла Лига на 34 натпревари (но само 16 како стартер) и 6 гола во купот. Сепак, Алмерија завршува на последното место со 30 освоени бода и испаѓа во Сегунда и покрај добрите настапи во Копа дел Реј каде стигнале до полуфиналето и биле елиминирани од Барселона со вкупен резултат 8-0.
Улоа останал во Алмерија и покрај испаѓањето на клубот и бил најдобар стрелец во Сегунда Дивизион за сезоната 2011-12 со 28 гола,[4] вклучувајќи го и хет-трикот против Гвадалахара во победата со 4-0.[5] И покрај обемниот придонес на Улоа, Алмерија завршила на 7. место и без шанса да се бори за враќање во Ла Лига.[6]
Последната сезона во клубот за него била најлоша, постигнувајќи само 4 гола на 18 натпревари во Сегунда пред да замине во Англија во јануарскиот преоден рок.
Брајтон и Хоув Албион

На 16 јануари 2013 година направил трансфер во англиската Чемпионшип лига, приклучувајќи му се на Брајтон енд Хоув Албион на четири ипол годишен договор, за необјавена сума која се верува дека е околу 2м £.[7][8] Тој постигнал гол веќе на своето деби за новиот клуб десет дена подоцна, во поразот на домашен терен со 3-2 од Арсенал во ФА купот.[9]
На 2 март 2013 година, Улоа станал првиот играч кој успеал да постигне хет-трик на Стадионот Амекс, во победата на Брајтон со 4-1 над Хадерсфилд Таун.[10] Две недели подоцна, тој постигнал два гола против Кристал Палас во победата со 3-0, исто така на домашен терен,[11] придонесувајќи за првата победа на Брајтон на домашен терен над овој противник уште од 1988 година; менаџерот Гус Појет го опишал Улоа како "различни класа".[12] Тој продолжил да постигнува голови откако на 30-ти истиот месец, го реализирал својот деветти гол во 12 натпревари во ремито 2-2 со Нотингем Форест.[13]
На 27 април 2013 Улоа го постигнал голот со кој го потврдил местото на Брајтон во плејофот, откако во 88-мата минута го постигнал победничкиот гол за да обезбеди успех со 2-1 над Лидс Јунајтед.[14] Сезоната ја завршил со 9 првенствени гола и еден во ФА купот, но Брајтон не успеал да избори промоција во Премиер лигата.
Следната сезона, Улоа постигнал 14 првенствени гола помагајќи му на Брајтон да заврши на 6. место и да дојде до уште една шанса преку плејофот да избори промоција, но и овојпат тие биле елиминирани во првата рунда со вкупен резултат 6-2 од Дарби Каунти. Постигнал и два гола во ФА купот.
Лестер Сити
На 22 јули 2014 година, по неколку неделни шпекулации, Улоа му се приклучи на неодамна промовираниот Премиерлигаш Лестер Сити на четиригодишен договор за клупски рекорд од 8.000.000 £.[15] По комплетирањето на трансферот му бил предаден дресот со број 23., последен пат носен од шпанскиот дефанзивец Игнаси Микел.[16]
Улоа бил стартер на своето деби во Премиер лигата на 16 август дома против Евертон, и постигнал гол само по 22 минути игра во ремито 2-2.[17] Тој бил стрелец и во својот трет настап, против Арсенал на 31 август, повторно на домашен терен и повторно во 22-рата минута во натпревар што завршил нерешено 1-1.[18] На 13 септември, Улоа го постигнал единствениот погодок во натпреварот нагости кај Стоук Сити (0-1), со што им ја донел првата победа на лисиците во првенството. Осум дена подоцна, тој постигнал два гола во победата со 5-3 над Манчестер Јунајтед.[19] Првата сезона во Премиер лигата ја завршил со 37 настапи и 11 гола.
Remove ads
Титули
Сан Лоренцо
- Аргентинска Примера Дивизион : Клаусура 2007
Арсенал де Саранди
- Копа Судамерикана : 2007
Лестер Сити
Премиер лига (1): 2015-2016
Хет-трик
Во својата кариера досега Леонардо Улоа на четири натпрвари успеал да постигне хет-трик, односно три или повеќе гола. Еднаш додека настапувал за Кастељон двапати за Алмерија и еднаш во дресот на Брајтон.
Натпревари во кој постигнал хет-трик
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
