Леопардов смок

From Wikipedia, the free encyclopedia

Леопардов смок
Remove ads

Леопардов смок (науч. Zamenis situla или Elaphe situla) — вид неотровна змија од фамилијата на смоковите (Colubridae) ендемска во Европа (вклучувајќи ја Македонија[3]), Мала Азија и на Кавказ.

Кратки факти Леопардов смок, Заштитен статус ...
Remove ads

Распространетост

Покрај Македонија, леопардовиот смок се среќава во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Италија, Малта, Србија, Турција, Украина, Хрватска, Црна Гора и можеби на Кипар.[4]

Опис

По боја, леопардовиот смок е сив или драп со низа црвеникави или кафеави напречни дамки на грбот, кои се обрабени со црно. Од секоја страна има низа мали црни точки, наизменични со грбните дамки. На задниот дел од главата и тилот стои белег во облик на буквата Y, а од едното до другото око преку предмеѓуочните лушпи има црн срповиден белег и црн појас од задочните лушпи косо до аголот на устата. Стомакот е бел, со црнa шаховница, или речиси сосема црн. Грбните лушпи се мазни и распоредени во 25 или 27 реда. ВОзрасните единки достигнуваат до 90 см во должина, од кои 16 см отпаѓаат на опашката.[1]

Remove ads

Живеалишта

Природно живее во честак, на пасишта, во насади и селски бавчи.[4]

Наводи

Литература

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads