Лепра

From Wikipedia, the free encyclopedia

Лепра
Remove ads

Лепра (од гр. λέπι, рибја кожа) е хронична инфективна болест позната од античко време.[1] Позната е и како Хансенова болест. Предизвикувач на оваа болест е бактеријата Mycobacterium leprae,[2][3] која денес може успешно да се лечи со антибиотици. Времето на инкубација на оваа болест трае од неколку месеци до 40 години. Лепрата не е лесно заразна болест. За да се пренесе од еден на друг човек потребен е долготраен контакт со заболен.

Кратки факти Лепра, Специјалност ...
    Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).
Remove ads

Симптоми

Симптомите на лепрата варираат во голема мерка од пациент до пациент. Главниот симптом е умирање на нервите и промена на крвните садови поради згрутчување на крвта.[4] Заболениот губи чувство за ладно, топло и болка. Поради ова, заболените често се повредуваат и се инфицираат без да почувствуваат болка и потреба од лекарска помош. Лепрата не убива директно, туку смртноста е последица од ваквите секундарни инфекции.

Remove ads

Епидемиологија

Thumb
Случаи на инфекција со лепра во светот, 2003 година.

Оваа болест сè уште не е искоренета, но е ограничена и е под контрола. Најголем број случаи на заболени од лепра денес има во Индија и Мјанмар. Лепрата е проблем и во Африка (Мозамбик, Танзанија) и Бразил. Годишно се регистрираат 230.000 до 270.000 нови случаи во светот (состојба од 2008 година).

Лепрата како мотив во уметноста и во популарната култура

  • „Лепрозниот“ (англиски: The Leper) - песна на американската рок-група „Дајносор“ (Dinosaur) од 1985 година.[5]
  • „Лепрозниот месија“ (англиски: Leper Messiah) - песна на американската хеви-метал група „Металика“ (Metallica) од 1986 година.[6]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads