Лидија Капушевска-Дракулевска
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Лидија Капушевска-Дракулевска — македонска книжевна критичарка и теоретичарка.
Животопис
Лидија Капушевска-Дракулевска (1962) е редовен професор по предметот компаративни поетики на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески” – Скопје. Член е на македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија; на Здружението за компаративна книжевност на Македонија, на Европската мрежа за компаративни проучувања (REELC) и на Меѓународната асоцијација за компаративна книжевност (AILC). Објавува есеи и студии од областа на книжевната фантастика, толкување на поетски текстови и компаративно проучување на книжевните феномени.
Remove ads
Библиографија
- Објавени книги
- Во лавиринтите на фантастиката (1998, II изд. 2004)
- Поетика на несознајното (2001)
- Поетика на изненадувањето (2003)
- Маргарита по трагите на Мајсторот (2006)
- Калеидоскоп: студии и есеи (2011)
- Созвучја (2015)[1]
- Мозаик од гласови (2018)[2]
- Авторот во огледало (2021)[3]
- Приредени книги (заедно со други автори)
- Антологија на светската лирика (1994, заедно со М. Бојаџиевска)[4]
- Ден во Скопје, антологија на скопски раскази (1998)
- Куќа – цел свет, избор од македонската поезија (2004, на македонски и на англиски јазик), Влада Урошевиќ
- Непредвидени прошетки (избор поезија / избор раскази). Избор и предговор (2008), Иван Џепароски
- Волја за мисла (избор поезија). Избор и предговор (2008)
- Тешка ноќ, антологија на современиот македонски фантастичен расказ (2009)
- Al seen vlinder een gedicht wordt (Moderne Macedonische poёzie) – Кога пеперугата станува песна, избор од македонската современа поезија на фламански (2010, заедно со В.Мартиновски)
- Poesia Macedonia Contemporanea en Español (избор од македонската современа поезија на шпански јазик)
- The Macedonian PEN Review, 2011-2012
- Антологија на светската поезија, том IV (XVIII-XIX век: од Греј до Тагоре), (2015)
- Блаже Конески, Македонскиот XIX век. Целокупни дела на Блаже Конески (критичко издание во редакција на акад. М. Ѓурчинов и акад. К. Ќулавкова), том 6 (2020, заедно со Анастасија Ѓурчинова и Бобан Карапејовски)[5]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
