Липе (река)
река во Германија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Липе (германски: Lippe) — река во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, Германија, десна притока на Рајна. Долга е 255 км.
Извира од пограничниот дел на Тевтобуршката шума во Бад Липшпринге, недалеку од Падерборн. Тече во западен правец низ градот, па низ Липштат и потоа долж северната граница на областа Рур. Таму минува низ Хам, Линен, Халтерн и Дорстен, за на крајот да се влее во Рајна кај Везел.
Реката е во катастрофална еколошка положба поради отпадните води од фабриките и менувањето на коритото. Денес се преземаат извесни мерки за возобнова на фауната по нејзиното течение.
Remove ads
Поврзано
Надворешни врски
- Римски населби по течението на Липе Архивирано на 27 јули 2013 г. — „Ливиј“ (англиски)
![]() | Оваа статија за место во Северна Рајна-Вестфалија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads