Лихов (Вендланд)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Лихов или Лихо[2] (службено наречен: Лихов (Вендланд); германски: Lüchow (Wendland)) — град и административно седиште на округот Лихов-Даненберг, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 13 километри северно од градот Залцведел. Градот се наоѓа на германскиот пат на фахверкот.
За други истоимени места, погледајте Лихов.
Воедно, градот претставува административно седиште и на истоимената општинска заедница.
Од 2011 година во градот постои музеј посветен на британската група Ролинг стоунс.[3]
Remove ads
Потекло на името
Името Лихов има словенско потекло, односно од полапскиот збор Ljauchüw.
Географија

Местоположба
Лихов се наоѓа во јужниот дел на округот Лихов-Даненберг. Низ градот поминува реката Јецел, која е притока на Елба.[4] Околниот пејзаж бил создаден во ледениот период, издигнувајќи се на запад и спуштајќи се на исток.
Градски единици
Градското подрачје зафаќа површина од 89,01 км2, кое е поделено на 24 окрузи:[5]
|
|
|
|
Remove ads
Клима
Remove ads
Историја

Местото било првпат споменато во 1158 година и добило градски права во 1293 година. Единствен остаток од градски ѕидини од крајот на средниот век е кула, која била пренаменета и сега се користи како камбанарија на црквата „Св. Јован“. Била подигната порта во 1555 година, која го поделила градот од западните предградија; оваа порта била срушена во 1793 година. Лихов настрадал при појавата на чумата во 1537 година, а во 1589 година бил во голем дел уништен од пожар. Уште еден пожар во 1608 година уништен голем дел од обновениот град. Најлошиот пожар, во 1811 година, го уништил Градското собрание и замокот.
Remove ads
Политика
Градот Лихов припаѓа на покраинскиот круг бр. 48 Елба и во сојузниот круг бр. 38 Лихов-Даненберг - Линебург.[7][8]
Градски совет
Градскиот совет се состои од 25 избрани членови.
Партија / Листа | CDU | SPD | UWG | Зелени | SOLI1 | независен | BL2 | Вкупно |
во 2011 | 7 | 7 | 5 | 3 | 1 | 2 | – | 25 места |
во 2016 | 7 | 8 | 6 | 2 | 1 | – | 1 | 25 места |
1 социјал-еколошка листа 2 граѓанска листа
Градоначалник
Градоначалник на градот Лихов е Манфред Либхабер (SPD).
Збратимени градови
Лихов бил збратимен со следниве градови:
Remove ads
Познати луѓе
- Фридрих Зируп (1881-1945) — правник и политичар
- Детлеф Вајгел (р. 1961) — германско-американски биолог
Галерија
- Поглед на градот
- Амтстурм, единствен остаток од замокот
- Црквата „Св. Јован“
- Глокентурм
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads