Лом

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ломmap
Remove ads

Лом (бугарски: Лом) е град во северозападниот дел на Бугарија и е административен центар на општината Лом. Се наоѓа во Монтанската област и е втор наjголем во областа. Сместен е крај бреговите на реката Дунав и реката Лом. На 162 km на југ од градот се наоѓа Софија, на 56 km северозападно е Видин, а на 49 km јужно е Монтана.

Кратки факти Лом Лом, Земја ...

Лом е значаен дунавски град-пристаниште. Неговиот развиток како големо речно пристаниште, второ во Бугарија по Русе, е поради близината со главниот град Софија.

Лом е наследник на тракискиот град Артанес. Како дел од римската провинција Горна Мизија од 29 г.п.н.е е наречен Алмус и оттаму потекнува името на денешниот град и река Лом. Со името Лом Паланка се споменува во 1704 г. Со појавувањето на бродовите по Дунав од 1830 г. се зголемува и значењето на градот. Развиени се и транспортните врски кон Виена, Австрија. Тоа има и големо влијание над градската архитектура.

Мегу културните и природни знаменитости на Лом се историскиот музеj, античката тврдина Алмус, останките од Аспаруховиот ров, Борунската црква, споменикот на Цеко Воjвода и други.

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads