Лопата
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Лопата[1][2] — алатка која се користи во домаќинствата. Се состои од рачка и сечило. Рачката обично е направена од дрво или појачан фиберглас. Сечилото мора да биде изработено од цврст материјал, обично некој метал како лим челичен лим или тврда пластика. Широко се користи во земјоделството, градежништвото и градинарството.[3]

Намена
Поради големата површина на сечилото, најпогодна е за пренесување на голема количина растресит материјал како песок, јаглен, снег и слично, иако може да се користи и за собирање растресит материјал. За различни потреби, лопатите можат да бидат со различен облик и големини. Најчесто користената лопата се состои од дрвена рачка и широк метално сечило и се користи за градежни цели, како и во земјоделството. Во градините може да се користат лопати со помали димензии, додека за чистење се користат пластични лопатки и како такви може да се најдат под името ѓубралник.
Remove ads
Историја
Постојат докази дека уште во раниот неолит се користеле лопатки од животни како орудија за работа.[4] Подоцна биле правени од дрво. Тие првенствено се користеле во рудниците, каде што биле основна алатка до индустриската ера. За време на втората индустриска револуција на крајот на 19 вековните тешки машини и булдожери конечно ги заменија лопатите. Оттогаш, лопатите се користат првенствено во домаќинствата, како и во градежништвото, а многу малку во индустријата и повеќе како помошна алатка.
Remove ads
Галерија
- Специјална лопата за снег
- Лопата
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads