Лудвиг Уланд

From Wikipedia, the free encyclopedia

Лудвиг Уланд
Remove ads

Јохан Лудвиг Уланд (германски: Johann Ludwig Uhland; 26 април 1787 - 13 ноември 1862 ) — германски поет, филолог и книжевен историчар. Познат е како автор на песната „Добриот другар“ (Der gute Kamerad) која се изведува на погреби на паднати војници.

Thumb
Лудвиг Уланд во 1818 г.

Животопис

Уланд се родил во Тибинген, Виртемберг, каде студирал јуриспруденција на тамошниот универзитет, но исто така се интересирал и за средновековната литература, особено за старата германска и француска поезија. Откако дипломирал како доктор на право во 1810 година, тој отишол во Париз за да продолжи со студиите по поезија; а од 1812 до 1814 година работел како адвокат во Штутгарт, во бирото на министерот за правда.

Remove ads

Творештво

Зборувајќи за Уланд, Гете изјавил дека, штом е толку популарен, во него мора да има нешто одлично. Меѓутоа, според неговото признание, Гете немал никакво мислење за песните на Уланд, кои започнал да ги чита со најдобра намера, но уште на почетокот наишол на толку слаби и тажни песни, што немал волја да чита понатаму. Меѓутоа, читајќи ги баладите на Уланд, Гете забележал одличен талент и се уверил дека, делумно, неговата слава е оправдана.[1]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads