Луизијана била административна област во Нова Франција во 17. и 18. век. Областа била именувана во чест на кралот Луј XIV од францускиот истражувач Рене-Робер Кавелие де ла Сал, и се протегала од устието на Мисисипи на југ, до изворот на реката и до Големите Езера на север, и од Апалачките Планини на исток до Карпестите Планини на запад. Практично, територијата Луизијана го опфаќала целото сливно подрачје на реката Мисисипи.
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |

Територијата на САД (во 1803.)
Територијата Луизијана која САД ја купиле од Франција.
Територија која се приклучила на САД по купувањето на Луизијана.
Територија под контрола на Шпанија.
Територија под контрола на Велика Британија.
Оваа огромна територија во 1803 година Наполеон ја продал на САД за 23.213.568 американски долари.
Денес на територијата на Луизијана се наоѓаат, во целост или делумно, 15 сојузни држави на САД и две провинции од Канада.
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads