Луј II
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Луј II од Франција, познат и како Луј Пелтекот (француски: Louis le Bègue) (1 ноември 846 – 10 април 879) бил крал на Аквитанија, а подоцна и крал на Западна Франкија. Тој бил најстариот син на императорот Карло Ќелавиот и Ерментруда Орлеанска. Луј Пелтекот бил физички слаб и починал само две години по неговиот татко.
Тој го наследил неговиот помлад брат Карло Детето како владетел на Аквитанија во 866 и неговиот татко во Западна Франкија во 877, но никогаш не бил крунисан за цар. Во францускиот монархистички систем го сметаат за Луј II.
Луј бил крунисан за крал на 8 октомври 877 од страна на Хинкмар, архиепископот на Ремс, во Компиењ а по вторпат бил крунисан во август 878 од страна на папата Јован VIII во Троапри посетата на папата[1]. Папата можеби му ја понудил и царската круна, но таа била одбиена. Луј имал релативно мало влијание врз политиката. Го опишувале како "едноставен и мил човек, љубител на мирот, правдата и верата". Во 878 година, тој регионите на Барселона, Жирона и Бесалу на му ги дал Вилфред Влакнестиот. По второто крунисување, тој во Фурон блиску до Лиеж, склучил договор со неговиот братучед Лудвиг Саксонски [2] со кој се потврдила поделбата на Лотарингија кои ја направиле нивните татковци во 870 со Мерсенскиот договор.
Со нежно здравје, починал на 11 април 879, токму кога се подготвувал да тргне во воен поход за да го потчини Бернар Готски, грофот на Отен и Макон, кој се кренал на бунт против него[3].
По неговата смрт, кралството било поделено помеѓу неговите два сина, Карломан II и Луј III од Франција.
Remove ads
Семејство

За време на мировните преговори помеѓу неговиот татко и Ериспое, војводата од Бретања, Луј бил верен со анонимна ќерка на Ериспое во 856 година[4]. Не е познато дали ова била истата ќерка со која подоцна се оженил Гуривант. Договорот бил поништен во 857 година, по убиството на Ериспое.
Луј двапати се женел. Неговата прва сопруга Ансгарда од Бургундија имала два сина: Луј (роден во 863) и Карломан (роден во 866), од кои и двајцата станале кралеви на Западна Франкија, и две ќерки: Хилдегарда (родена во 864) и Гизела (865-884).
Неговата втора сопруга Аделаида од Париз имала една ќерка, Ерментруда (875-914) и посмртен син, Карло Простиот, кој по смртта на неговите постари браќа ќе стане крал на Западна Франкија.
Remove ads
Поколение
Наводи
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads