Мрежна магистрала
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мрежна магистрала — мрежна топологија во која јазлите се директно поврзани на заеднички линеарна (или разгранета) полудуплексна врска наречена магистрала.[1][2]

Функционирање
Хостот на мрежната магистрала се нарекува „станица“ или „работна станица“. На мрежната магистрала секоја станица го прима целиот мрежен сообраќај и сообраќајот генериран од секоја станица е со еднаков приоритет за пренос[3]. Мрежната магистрала формира единствен мрежен сегмент и домен на судири. За да оди пренос од сите јазли истовремено се користи топологија на пристапна контрола на медиумот (англиски: medium access control) како повеќекратен систем со детекција на носителот (англиски: carrier sense multiple access, CSMA) или контрола на магистралата (англиски: bus master)
Доколку која било врска или сегмент од магистралата е отсечен, се прекинува целосниот мрежен сообраќај заради скок на сигналот предизвикан од отсуството на завршен отпорник.
Remove ads
Предности и недостатоци
Предности
- Едноставно за имплементација и проширување.
- Лесно инсталирање.
- Добро приспособено за привремени или за мали мрежи кои не побаруваат големи брзини.
- Поевтина од други топологии.
- Евтино, потребен е само еден кабел.
- Лесна идентификација на погрешни кабли.
- Намалена тежина поради намалениот број на жици.
Недостатоци
- Ограничена должина на кабелот и ограничен број на станици.
- При проблем со кабелот целата мрежа престанува со работа.
- Поскапо одржување на подолг временски период.
- Перформансите се влошуваат поради додавање на други компјутери или поради густиот сообраќај.
- Значајни просторни капацитети.
- Работи најдобро со ограничен број на јазли.
- Најчесто има поспор трансфер на податоците од другите топологии.
- Само еден пакет може да остане на магистралата во текот на еден такт на часовникот.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads