Македонската глаголица
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Македонската глаголица — книга и научен труд-монографија посветена на македонската глаголица и глаголските ракописи од X до XII век. Напишана е од македонскиот академик - историчар на книжевност, археограф и теолог Ѓорѓи Поп-Атанасов како плод на долгогодишните истражувања на бројни глаголски ракописи и текстови од Македонија. Објавена е во издание на МАНУ во 2015 година. Книгата е поделена во два дела: описи и податоци за секоја буква-графема од глаголицта како и претставување на сите ракописни текстови на глаголица напишани и/или пронајдени на тлото во Македонија. Предговорот на книгата во вид на научен труд и опис на истражувањето е напишан од акад.Катица Ќулавкова.
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads