Македонска транскрипција на јапонскиот јазик

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Ова е таблица на транскрипција на јапонскиот јазик во македонски заснована на Хепберновиот систем на романизација на јапонското писмо на англиски јазик. Таблицата ги претвора двете стандардни слоговни јапонски писма — хирагана и катакана — со нивната звучност согласно принципите на македонската фонологија. Адаптацијата на транскрипциониот систем е изработена водејќи се според фонологијата на јапонскиот јазик и изговорот на секој знак според меѓународната фонетска азбука (МФА).

Remove ads

Упатство

Бидејќи јапонските писма се слоговни, некои согласки имаат по еден, а некои по два знака, зависно од должината. Тоа значи дека при барање на транскрипцијата на зборовите треба да се обрати внимание дали во зборот што треба да се транскрибира дадениот знак е спарен со друг или е сепак самостоен. Од ова може да зависи (и да се разликува) неговиот изговор.

Во карактерот на македонскиот правопис и правоговор, двојните букви не се пишуваат, дури и кога зборот е составен од повеќе слогови каде едниот завршува на истата буква на која следниот започнува. На пример, двојна согласка се јавува во позајмениот збор ヲッカ (wokka), каде македонското предавање ќе биде „вока“, а не „вокка“). Двојните самогласки исто така не се пишуваат, а должината на самогласките не се бележи.

Транскрипција на хирагана

Повеќе информации あ а, い и ...

Транскрипција на стандардна катакана

аиуео (ја) (ју) (јо)
какикукеко キャ кја キュ кју キョ кјо
сашисусесо シャ ша シュ шу ショ шо
тачицутето チャ ча チュ чу チョ чо
нанинунено ニャ ња ニュ њу ニョ њо
хахифухехо ヒャ хја ヒュ хју ヒョ хјо
мамимумемо ミャ мја ミュ мју ミョ мјо
јајујо
рарируреро リャ рја リュ рју リョ рјо
вавивево
н
гагигугего ギャ гја ギュ гју ギョ гјо
заџизузезо ジャ џа ジュ џу ジョ џо
да(џи)(зу)дедо ヂャ (џа) ヂュ (џу) ヂョ (џо)
бабибубебо ビャ бја ビュ бју ビョ бјо
папипупепо ピャ пја ピュ пју ピョ пјо

Транскрипција на проширена катакана

Овие знаци главно се користат за странски зборови кои содржат слогови кои не постојат во стандардната катакана. Речиси сите овие не се формално стандардизирани.

イェ је
ウィ ви ウェ ве ウォ во
ва ви ве во
ヴァ ва ヴィ ви ву ヴェ ве ヴォ во
シェ ше
ジェ џе
チェ че
ティ ти トゥ ту
テュ тју
ディ ди ドゥ ду
デュ дју
ツァ ца ツェ це ツォ цо
ファ фа フィ фи フェ фе フォ фо
フュ фју
  • † — Знаците со црвено се исфрлени од современата употреба.
  • ‡ — Знакот во треба фонетски да се пишува o во современиот јапонски кога има улога на честица, а само понекогаш означува во кај некои заемки (како нестандардниот збор ヲッカ вокка — „вотка“).
  • Загради — Знаците во загради се користат само кога се јавува рендаку (секвенцијално озвучување) на ち чи или つ цу.
Remove ads

Поврзано

  • Јапонски јазик
  • Јапонско писмо
  • Хепбернов систем
  • Фонологија на јапонскиот јазик
  • Романизација на јапонскиот јазик („ромаџи“)
  • Кирилизација на јапонскиот јазик (Поливанов руски систем)

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads