Македонски претседателски избори (1999)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Македонски претседателски избори (1999) — втори по ред претседателски избори во независна Република Македонија. Дотогашниот претседател Киро Глигоров не се кандидира на овие избори, а победник беше Борис Трајковски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.
Remove ads
Кандидати во првиот круг
Резултати
Remove ads
Резултати од Првиот круг
Првиот круг на гласањето се одржа на 14 ноември 1999 година. По преброените гласови, во вториот круг се пласираа Тито Петковски со освоени 509.933 гласови и Борис Трајковски со освоени 449.026 гласови.
Резултати од Вториот круг
Вториот круг на гласање се одржа на 5 декември 1999 година. Изборниот ден ќе биде запаметен со многу нерегуларности и огромен број на излезени гласачи помеѓу албанското население. Во вториот круг победи Борис Трајковски со 582.808 гласови, а Тито Петковски имаше 513.614 гласови, или 52.40% наспроти 46.18%. СДСМ не ги призна изборните резултати и го бојкотираше Претседателот Трајковски сè до доаѓањето на власт на Парламентарните избори во 2002 година.
Remove ads
Останати статистики
Бројот на запишани избирачи во 1999 година бил: 1.610.340 од нив на гласање излегле 1.112.153 гласачи. По преброените гласачки ливчиња Државната Изборна Комисија констатираше дека има 16.281 неважечки гласачки ливчиња или 1,46% од вкупниот број на ливчиња.
Поврзано
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads