Макото Оока

From Wikipedia, the free encyclopedia

Макото Оока
Remove ads

Макото Оока (јапонски: 大岡 信), (16 февруари 1931 во Мишима5 април 2017 )[1] — најзначаен современ јапонски поет[2] и литературен критичар.

Кратки факти Макото Оока, Изворно име ...

Бил меѓу првите во колаборативната поетична форма ренши во 1990-тите,[3][4] во која соработувал со добро познати поети како Чарлс Томлинсон, Џејмс Ласдун, Џозеф Стентон, Шунтаро Таникава и Микиро Сасаки.[5]

Remove ads

Животопис

Оока студирал до 1953 година јапонска книжевност на Токискиот универзитет. Потоа, работел десет години за весникот „Јомиури Шимбун“. Во 1965 година започнал да предава на Универзитетот Меиџи и од 1970 година станал професор. Од 1988 до 1994 година бил професор на Високата школа за уметност во Токио. Од 1979 до 1981 година бил предводник на Јапонското здружение за современа поезија и од 1989 до 1994 на ПЕН-центарот Јапонија.

Неговите стихови се објавени во превод на повеќе јазици во светот. Има напишано стотина театарски дела, радио и телевизиски драми и филмски сценарија, како и повеќе книги со литературна критика и есеи.[2]

Добитник е на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата во 1996 година.[2]

Remove ads

Награди

  • 1993: Културна награда на Општина Токио
  • 1993: Officier de l'Ordre des Arts et des Lettres (Франција)
  • 1995: Награда за поезија и критика на Јапонската академија на уметностите
  • 1996: Награда Асахи
  • 1996: Златен венец на Струшките вечери на поезијата
  • 1997: Награда за културно достигнување
  • 2002: Награда на Фондација Јапонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads