Макрина Постарата
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Макрина Постарата (грчки: Μακρίνα; пред 270 – ок. 340) — христијанска светица, мајка на Василиј Постариот и баба на истакнатите ранохристијански дејци Василиј Велики, Григориј Богослов, Петар Севастиски и Макрина Помладата.[1] Во православието се чествува на 30 мај по стар стил или 12 јуни по нов). Во католицизмот се чествува на 14 јануари.
Remove ads
Житие
Во делата на Василиј се вели дека Макрина била ученичка на Григориј Чудотворец, и дека таа е одговорна за пренесувањето на неговите учења на внуците Василиј и Григориј.[2]
Живеела во Неокесарија во Понт. Според Григориј Богослов, за време на прогонувањето на христијаните од царевите Галериј и Диоклецијан, Макрина со сопругот пребегале на брегот на Црното Море.[2] Според преданието, тие се населиле во густа шума и таму поминале седум години, хранејќи се од козите кои се спуштале од планината за да ги хранат со млеко.[3] Кога прогонувањата престанале, таа со семејството се вратила во родната Неокесарија.[4]
Бидејќи мажот ѝ починал и останла вдовица, таа се смета за покровител на вдовиците. Во нејзина надлежност се и сиромашните. Се смета дека починала на почетокот на 340-тите.[5]
Remove ads
Тропар
За св. Макрина се пее овој тропар:[3]
Преподобна мајко наша Макрино, твоите молитви денес ги просиме, застапи се за нас пред Господа, ти која послужи како градина плодоносна, од која Он ќе изнедри мноштво фиданки, украси на Неговата Црква Небесна.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads