Мала дропла

From Wikipedia, the free encyclopedia

Мала дропла
Remove ads

Малата дропла (науч. Tetrax tetrax) е голема птица од семејството на дроплите, единствен член на родот Tetrax. Распространета е во јужна Европа и западна и Средна Азија. Јужната европска популација е претежно резидентна, но останатите се птици преселници. Средноевропската популација што се размножувала во Унгарија е изумрена веќе неколку децении. Оваа птица живеела и во Македонија.

Кратки факти Мала дропла, Заштитен статус ...
Thumb
Tetrax tetrax
Remove ads

Живеалиште

Живеалиштето на малата дропла се широките тревни пространства и степи недопрени од човекот. Но, бидејќи такви има сè помалку, се стеснува и кругот на оваа птица, па таа полека исчезнува. Најверојатно, од тие причини е изумрен вид во Македонија.

Опис

Иако е најмала од сите дропли, оваа птица е сепак голема колку фазан со должина од 42 до 45 см, распон на крилја - 83-91 см, и тежина 500-900 грама.[2] Одозгора е песок боја со црни и бели шарки. При лет, долгите крилја се интензивно бели. За време на сезоната за парење, мажјакот е кафеав одозгора и бел одоздола, со сива глава и црн врат кој е обрабен и горе и долу со бела линија.

Кај женките и мажјаците вон сезоната на парење недостига драматичниот врат, а женките се одоздола малку потемни. Младенчињата се како женките.

Ова се тивки птици, иако мажјакот има впечатливо дувачко огласување прррт. Малата дропла има оригинален лет. При преселбата лета со голема брзина и личи како таа да се тресе и потреперува во место, но во исто време се движи брзо напред. Во лет, крилјата испуштаат чуден свиреж кој се слуша далеку. Се собираат во јата, особено зимно време. Тие одат полека и претпочитаат да трчаат повеќе отколку да летаат.

Размножување

Сезоната на парење започнува во април. Кога се додворуваат мажјаците тапкаат на едно место, па се вивнуваат високо над земјата, свиркајќи со крилјата и мавтајќи до определена висина каде се замрзнуваат на 10-15 секунди, испуштаат едно црррр и потоа нагло паѓаат на земјата. Женките несат 3-5 јајца. Таа ги квачи јајцата седејќи мирни и тивко врз гнездото што се наоѓа на земја. Не се трга од гнездото и дозволува опасноста да се приближи, па често настрадува од тркалата на земјоделските машини.

Исхрана

Малата дропла е сештојад. Јаде инсекти, глодачи, влекачи и семиња.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads