Малев

From Wikipedia, the free encyclopedia

Малев
Remove ads

Малев (унгарски: Magyar Légiközlekedési Vállalat) беше национален авиопревозник на Унгарија и авиокомпанијата е заснована на аеродромот во Будимпешта. Леташе на 50 одредишта низ 34 земји ширум светот. Малев е член на алијансата Oneworld од април 2007 година.

Кратки факти IATA, ICAO ...
Thumb
Malév head office
Remove ads

Историја

Компанијата официјално е основана на 29 март 1946 година, кога Унгарско - Советска компанија за цивилно воздухопловство беше формирана. Флотата во тоа време броеше 2 авиона, Li-2 и Po-2. За време на комунистичкиот режим во Унгарија, флотата на Малев се состоеше главно од авиони од советско потекло, од типот Туполев, со кој сообраќаше на одредишта во Европа и Блискиот Исток. Некаде при крајот на комунистичкиот режим, Малев во својата флота додаде авион од типот Боинг 737-200. Моментално флотата на Малев брои вкупно 18 авиони од типот Боинг 737, еден авион од типот Боинг 767, како и неколку авиони од типот Фокер 70 и Бомбардиер CRJ 200. На 12 јули 2007 година, Лојд Пакстон беше назначен за извршен директор на авиокомпанијата. Пакстон беше во одборот на директори на British Airways цели 35 години. На 14 септември 2007 година, Лојд Пакстон даде отказ на работното место, при што, за негов заменик беше назначен Петер Леонов. Со работа престанува на 3 февруари 2012 година кога е прогласен банкрот.

Remove ads

Одредишта

Погледни опширно, Одредишта на Малев.

Авиокомпанијата главно леташе на одредишта низ Европа, но исто така оперираше и на некои одредишта до Северна Америка и Азија. На 29 октомври 2007 година, Малев објави дека ги прекинува северно Американските одредишта за време на зимскиот период, со главна причина дека сообраќајот за време на зимскиот период е драстично намален, и со тоа придонесува загуба за авиокомпанијата.

Remove ads

Флота

Повеќе информации Авион, Вкупно ...
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads