Мало Трново

From Wikipedia, the free encyclopedia

Мало Трновоmap
Remove ads

Мало Трново (бугарски: Малко Търново) — град во Југоисточна Бугарија, административен центар на општината Мало Трново во Бургаската Област. Има население од околу 1.989 жители (2022).[1]

За други значења, видете Трново (појаснување).
Кратки факти Мало Трново Малко Търново, Земја ...

Мало Трново е град во крајниот југоисточен дел на Бугарија, втор најголем граничен премин на бугарско-турската граница во планината Странџа. Целото население се состои од Бугари, и покрај близината на Турција. Сите жители на регионот се потомци на старобугарското население. Природниот резерват „Странџа“ е познат со единствениот растителен и животински свет на Балканот.

Во регионот се ноаѓаат многу археолошки и историски наоди од Тракијците. Во градот постои населба од античко време, исто така археолошки, историски и природонаучен музеј. Претставени се 5 збирки - археологија, нова и модерна историја, црковна уметност, етнографија и природа.

Remove ads

Редовни настани

Летен универзитет или „експедиција“ — „Странџа планина и неjното место во влегувањето на цивилизациите Исток — Запад“, организиран од Нов бугарски универзитет, Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ и Благоевградскиот универзитет „Неофит Рилски“.

Личности

  • Начо Папазов - политичар
  • Јордан Мутафчиев - генерал и политичар
  • проф. Ангел Заберски - композитор
  • проф. Тодор Мрчков - главен обвинител

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads