Мандолина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мандолината (италијански mandolino - мал бадем), е трзачки инструмент кој се појавил во XVI век во Италија. Набргу станува популарен инструмент во фолклорот на многу земји. Формата на мандолината е слична на лејтата, но има подолг врат, а на горниот дел има чивии кои служат за штимање. Најголема примена има наполитанската мандолина со четири дупли жици. Тонот се добива со повлекување на двете жици одеднаш, со трзалка, со брзо движење на десната рака нагоре-надолу. Металните жици произведуваат јасен, ѕвонлив и милозвучен звук. Овој инструмент може да биде солистички,камерен и оркестарски. Освен во фолклорот, се применува и во уметничката музика: Вивалди-Концерт на мандолина, гудачки оркестар и чембало; Моцарт-опера "Дон Жуан"; Бетовен-Сонати и варијации за мандолина. Голема примена има во народните и во училишните оркестри.[1][2] Најпознат мандолински оркестар во Македонија е оркестарот под раководство на Рамадан Шукри:
Предизвик ми е да работам и аранжирам композиции што не се често изведувани,да вметнувам фрагменти од нашиот неисцрпен фолкор.Најмногу узведувам дела што и се познати на публиката и истите ги приспособувам за мандолински оркестар.
Remove ads
Мандолината како тема во уметноста и во популарната култура
Мандолината се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:
- „Мандолина“ - песна на францускиот поет Пол Верлен.[3]
Наводи
Надворешни врски
Литература
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads