Марама

From Wikipedia, the free encyclopedia

Марама
Remove ads

Марама – парче ткаенина, обично свилена или од друг лесен материјал, што се користи за покривање на главата, на вратот, често како моден додаток.[1] Се користи за разни цели: за заштита од ладно, како моден детаљ, да се сокрие ќелавост, од скромност, или други облици на општествените конвенции.

Thumb
Украинка со марама

Видови

Сите марами пред сè можат да се поделат спрема материјалот од кој се изработени. Најчесто се користи: волна, лен, памук, свила и др. Зависно од материјалот од кој е изработена марамата се носи во различен годишен период.

Намена

Марамите имаат исклучително религиско значење. Во христијанството пред сè е присутно во православните цркви и во помали традиционални католички заедници. Незаобиколен дел е и во муслиманската вера, па скоро сите жени во земјите на Блискиот Исток ги носат како секојдневен предмет за облекување [2]. Еден од стандардните предмети за облекување за жени и на нашите простори. Тоа се посебно однесува на жените од старите времиња како и за селските краеви[3] .

Изразена е примената на марама и како моден детаљ пред сè во зимските месеци. Сепак иако е супериорна намера за покривањето на главата, марамите се користат и како детаљ преку друга облека [4], но и во летните месеци[5].

Црната марама, позната и како шамија (со големина 105 х 105 см), жените во Македонија и Србија ја носеле, а и ден денес носат во некои краеви во знак на жалост за изгубени блиски личности, најмалку 40 дена од денот на смртта на покојникот, а старите жени и до крајот на животот.[6]

Remove ads

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads