Мариенберг
град во Саксонија, Германија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мариенберг (германски: Marienberg) — град во Германија. Бил главен град на округот Средни Рудни Планини во јужниот дел на сојузната покраина Саксонија, а од август 2008 година е дел од новиот округ Рудни Планини.
За други значења на поимот, погл. Мариенберг (појаснување).
Remove ads
Географија
Градот се наоѓа на плато северно од планинскиот масив Рудни Планини, на надморска височина помеѓу 460 и 891 метар. Се наоѓа околу 31 километар јужно од Кемниц, со кој е поврзан преку железницата Флехатал (Flöhatalbahn).
Историскиот центар на градот следел ректагуларен план, имитирајќи ја италијанската ренесанса. Центарот се наоѓа на плоштадот со површина од 1,7 хектари.
Мариенберг и Поберсхау биле здружени во Амт Мариенберг, сè додека Поберсхау не се приклучил кон Мариенберг од 1 јануари 2012.
Remove ads
Историја
Првиот документиран доказ поврзан со Мариенберг е спомнувањето на селото Вистеншлета како Слетин (Sletyn) во 1323 година. Меѓутоа, градот бил основан на 27 април 1521 година од Хајнрих IV, војвода на Саксонија, по откривањето на среброто во 1519 година. Мариенберг добил градски права во 1523 година и имал свој рударски одбор од 1525 година. Во 1555 година, имало над илјада рудници во областа на Мариенберг. По ископувањето на среброто, бакарот и калајот биле ископувани во XVII век. Последниот рудник бил затворен во 1899 година. Денес, туризмот е важен сектор на економијата.
Градски окрузи
- Гебирге
- Гелобтланд
- Хитенгрунд
- Кинхајде
- Лаута
- Лаутербах
- Нидерлаутерштајн
- Поберсхау
- Рајценхајн
- Рибенау
- Зацунг на Хиртштајн
Remove ads
Галерија
- Градско собрание
- Поглед низ Чопајската порта („Zschopauer Tor“) во Мариенберг и црквата Света Богородица
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads