Мариински театар

From Wikipedia, the free encyclopedia

Мариински театар
Remove ads

Мариински театар (руски: Мариинский театр) — значаен балетски и оперски театар во Санкт Петербург, Русија. Отворен е во 1860 година, станал еден од најистакнатите музички театри во Русија на касниот деветнаесетти век, каде премиерно се изведени многубројни ремек дела на Петар Илич Чајковски, Модест Мусоргски и Николај Римски-Корсаков. Во поголемиот дел од времето на Советскиот Сојуз, театарот бил познат како Киров театар. Денес, Мариинскиот театар е дом на Мариинскиот балет, Маринската опера и Мариинскиот оркестар. По пензионирањето на Јуриј Темирканов во 1988 година, генерален директор на театарот е диригентот Валериј Гергиев.[1][2]

Thumb
Дизајн за завесата на Мариинскиот театар од времето на царството, која постоела пред 1914 година
Thumb
Втора сцена од десната страна на каналот
Thumb
Втора сцена
Remove ads

Име

Театарот го носи името на царицата Марија Александровна, сопругата на императорот Александар II Николаевич. Во фоајето на главниот влез е бистата на царицата. Името на театарот се менувало низ историјата, како одраз на политичките струи од тоа време.

18601920Императорский Мариинский театрМариински театар
19201924Государственный академический театр оперы и балетаДржавен академски театар
19241935Ленинградский государственный академический театр оперы и балетаЛенинградски државен академски театар
19351992Государственный академический театр оперы и балета имени С. М. КироваДржавен академски театар Киров
1992-Государственный академический Мариинский театрМариински театар

Театарската зграда обично се нарекува Мариински театар. Заради лесна идентификација задржано е името Киров, стекнато за време на советската ера во чест на убиениот водач на ленинградската комунистичка партија Сергеј Киров.[1]

Remove ads

Појава

Царската драма, опера и балетска трупа е основана во 1783 година по налог на Катерина Велика. Првично, балетските и оперските претстави се одржувале во Дрвениот театар Карл Книпер во близина на денешниот Тристран мост. Театарот Ермитаж, покрај Зимската палата, служел за настапи за елитната публика од аристократски гости поканети од царицата.

Постојаната театарска зграда, позната како царски театар Бољшој Камен, била дизајнирана од Антонио Риналди. Таа била отворена во 1783 година. Театарот Бољшој Камен бил реновиран во 1836 година според дизајнот на Алберт Кавоц и служел како главен театар на Царскиот балет и опера. На 29 јануари 1849 година, на театарскиот плоштад бил отворен Коњичкиот циркус. Ова е дело на архитектот Кавос. Десет години подоцна, кога овој циркус изгорел, Алберт Кавос го вратил како куќа на опера и балет со најголема сцена во светот. Со капацитет од 1.625 места и италијански аудиториум во форма на потковица, театарот бил отворен на 2 октомври 1860 година.[1]

Remove ads

Премиерно изведени дела

Премиерите на многу опери на Михаил Глинка, Модест Мусоргски и Петар Илич Чајковски биле одржани во царскиот Мариински театар и неговиот претходник, театарот Бољшој Камен. По наредба на театарскиот режисер Иван Всеволовски, и царскиот балет (балетот пристигнал во Мариинскиот театар во 1870 година) и царската опера биле преместени во Мариинскиот театар во 1886 година, бидејќи театарот Бољшој Камен се сметал за небезбеден. Таму реномираниот кореограф Мариус Петипа претставил многу свои ремек-дела, вклучувајчи ги и Трнорушка (балет) 1890 година, Крцко Орашчиќ (балет) 1892, Рајмонда (балет) 1898 и дефинитивно оживување на балетот Лебедово езеро 1895 година. Првиот оригинален балет кој е продуциран во Мариинскиот театар бил „Магични пилули", на музиката на Лудвиг Минкус. Други светски премиери во оваа куќа биле: опера Борис Годунов (1874), оперите на Чајковски Пикова дама (1896) и Јоланта (1892), ревидирана верзија на Сергеј Прокофјев балетите Ромео и Јулија (балет) (1940) и балетот на Арам Хачатурјан „Спартак“ (1956), како и операта на Николај Римски-Корсаков „Златен петел“ (1909) и балет на Прокофјев Пепелашка (балет) 1946 година (со Наталија Дудинска).[3]

Мариинскиот театар денес

Под раководство на Јуриј Темирканов, главниот диригент од 1976 до 1988 година, оперскиот ансамбл продолжил да прави иновативни продукции на модерни и класични руски опери. Иако функционира одделно од балетот, од 1988 година двата ансамбли се под уметничко раководство на Валери Гергиев како уметнички директор на целиот театар. Оперскиот ансамбл влегол во нова ера на уметничка совршеност и креативност. Од 1993 година, влијанието на Гергиев врз операта бил огромно. Прво, тој ја реорганизирал својата деловна активност и воспоставил врски со многу големи светски оперски куќи. Некои од нив се: Кралската опера во Лондон, Операта Метрополитен, Операта Бастиља, Ла Скала, Ла Фениче, Израелската опера, Националната опера во Вашингтон и Операта во Сан Франциско. Денес ансамблот на операта редовно ги угостува овие градови. Во 1989 година се одржал фестивал во чест на Мусоргски. Слично на тоа, многу опери на Прокофјев биле претставени кон крајот на 1990-ти години. Опери од не-руски композитори започнале да се изведуваат на оригинални јазици, што му помогнало на оперскиот ансамбл да ги прифати светските трендови. Во моментов, оперскиот ансамбл има 22 сопрани (од кои Ана Нетребко е веројатно најпознат); 13 мецосопранови (со Олга Бородина, позната на американската и европската публика); 23 тенори; осум баритони и 14 басови. Сем Гергиев, генерален директор, има шеф на администрација во театар, режисер на сцена, раководители на сцена и асистенти, заедно со 14 асистенти.[4]

Концертна сала на театарот Мариински

Концертна сала на театарот Мариински била отворена во 2007 година. Ја дизајнирал француски архитект Ксавије Фабр и може да прими 1.100 луѓе.

Remove ads

Друга сцена

Канадската компанија „Diamond and Schmit Architect“, заедно со нивниот локален партнер, дизајнирале нова зграда, наречена Втора сцена, која има 2.000 места и служи како додаток на постојниот театар. Изградбата започнала во 2003 година, по различен дизајн на францускиот архитект Жен Нувел. Новиот дизајнерски тим ја презеде градбата во 2009 година. Сцената била завешена во мај 2013 година, по цена од 700 милиони евра.[5]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads