Марина Дмитровиќ
Српска ракометарка From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Марина Дмитровиќ (родена на 23 март 1985 г. во Белград) е српска ракометарка која игра за унгарскиот клуб Кишварда и за српската репрезентација.
Таа игра на позицијата десен бек.
Remove ads
Кариера
Дмитровиќ започнала да игра ракомет на 13 годишна возраст во основно училиште. Прв клуб за кој играла е РК Земун од Белград, а прв тренер ѝ бил Лазар Кордиќ. Потоа преминала во јуниорската екипа на РК Црвена Ѕвезда од Белград. Со екипата на Раднички таа победила во Купот на Србија и Црна Гора, а со РК Врњачка Бања ја освоила шампионската титула во Србија.
Во 2012, од Јагодина преминала во ЖРК Вардар, каде што двапати ја освоила титулата во македонското првенство. Во сезоната 2013–14 таа била дел од тимот на Вардар на фајнлфор турнирот од Лигата на шампионите. Во 2014 потпишала договор со турскиот вицешампион Анкара Јенимахал.[1]
Во летото 2016, Дмитровиќ потпишала за унгарскиот клуб Кишварда.[2]
Од 2005 година е во составот на сениорската репрезентација на Србија со која има настапено на четири европски првенства (ЕП 2006, ЕП 2008, ЕП 2010 и на ЕП 2012).
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads