Марија Штериова

Македонска ракометарка From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Марија Штериовамакедонска ракометарка. Започнала да игра ракомет на 9 годишна возраст во своето основно училиште. По една година преминала во младинскиот тим на РК Еуростандард кај тренерот Боби Стефковски, во кој играла 3 години (од 2001–2004).

Кратки факти Лични податоци, Име и презиме ...

Од 2004–2006 година игра за младинскиот тим на РК Еуролинк кај тренерот Дарко Панов, од кој за една сезона преминува во првиот тим на овој клуб.

Од 2006–2008 година игра за сениорскиот тим на РК Еуростандард ЃП кај тренерот Владимир Радиќ. Поради добрата игра потпишува договор на 4 години со РК Кометал Ѓорче Петров, но поради лошата финансиска состојба, клубот се распаѓа и во 2011 година, таа потпишува договор со РК Жито Прилеп каде што игра една година.

Има завршено спортска гимназија. Со сениорската репрезентација на Македонија настапи на ЕП 2012 во Србија.

Во летото 2016 година, Штериова потпишала за турскиот клуб ЖРК Кастамону.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads