Мари (река)

најдолга река во Австралија From Wikipedia, the free encyclopedia

Мари (река)map
Remove ads

Мари (англиски: Murray River или River Murray) — најдолга река во Австралија. Се протега 2.375 км[1] и извира во Австралиските Алпи и претежно тече во свијоци низ рамничарските делови во внатрешноста на земјата. Реката ја образува границата помеѓу сојузните држави Нов Јужен Велс и Викторија течејќи на северозапад, а во последните 500 км тече на југ во Јужна Австралија и завршува во езерото Александрина и океанот.

35°33′32″S 138°52′48″E
Кратки факти Земја, Подрачје ...

Тече низ неколку езера со колеблив степен на соленост како што се Александрина и Куронг, па кај Гулва се влева во Индискиот Океан (во земјата често наречен Јужен Океан). Иако реката знае да биде обемна, устието е релативно мало и плитко.

Речниот систем игра значајна улога во наводнувањето на обработливите површини по течението, кои имаат најголемо производство на земјоделски култури во земјата.

Remove ads

Географија

Мари сочинува дел од речниот систем Мари-Дарлинг долг 3750 км чиј слив ја опфаќа речиси сета копнена Викторија, Нов Јужен Велс и јужен Квинсленд — една седмина од копнената маса на Австралија. Во споредба со другите реки во светот со слични сливови, Мари има многу помала полноводност и се одликува со големи колебања во текот на годината.

Реката сочинува голем дел од границата помеѓу државите Викторија и Нов Јужен Велс. Самата граница лежи на јужниот брег, така што реката како таква не тече низ Викторија.[2]

Поважни населени места

По течението на Мари се расположени следниве населени места:

  • Олбери, NSW / Водонга: 82.083[3]
  • Ечука / Моама, НЈВ: 16.000
  • Свон Хил, Викторија: 9.700
  • Милдјура, Викторија: 32.000
  • Ренмарк, Јужна Австралија: 8.000
  • Мари Бриџ, Јужна Австралија: 20.500
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads