Маркова Нога (Војшанци)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Маркова Нога — археолошко наоѓалиште во неготинското село Војшанци. Претставува населба од доцноантичко време.
На 2,5 км источно од селото, на десната страна од долот наречен Солена Река се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал.[1]
Remove ads
Местоположба
Наоѓалиштето Маркова Нога се наоѓа на источната периферија на селото, на граничниот појас помеѓу селските атари на селата Војшанци и Бистренци, на десниот брег на потокот на Солена Река.[2]
Особености
На наоѓалиштето имаме присуство на продолжение од праисторијата до доцната антика, за што сведочат мноштвото фрагменти од временски и морфолошки различна керамика. Тука среќаваме елементи од градежен материјал, меѓу кои преовладува каменот. Покрај тоа откриени се и фрагменти и делови од воденички камења и питоси. Среќаваме и информации за римски пари, парчиња од архитектонска и склуптурна пластика. Во највисоката зона на наоѓалиштето, темелите се доведуваат во врска со храм, а во близина се и гробовите од големи камени плочи. На наоѓалиштето има и мали фрагменти од надгробни плочи со грчки натпис.[2]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads