Марсело Естигарибија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Марсело Алехандро Естигарибија Балмори — парагвајски фудбалер, играч од средниот ред на Чијапас.
Remove ads
Кариера
Почетоците и настапите во Јужна Америка
Естигарибија својата кариера ја започнал во младинските категории на аматерскиот клуб Унион Пацифико. Потоа тој потпишал за тимот на Спорт Колумбија каде дебитирал во првата парагвајскa лига на само 17 години. По една сезона помината во првата лига и десет одиграни натпревари, тој заминал во еден од најпознатите тимови во Парагвај, Серо Портењо. За две сезони тој тука одиграл 45 меча пред да го направи својот прв трансфер надвор од неговата татковина. Во август 2008 тој потпишал за францускиот фудбалски клуб Ле Ман. Тука тој немал многу можност да игра па затоа се вратил во Јужна Америка во дресот на Њу Олд Боис како позајмен играч на 18 месеци.
Јувентус
На почетокот на летото 2011 година тој потпишл со уругвајскиот, Депортиво Малдонадо, но пред да почне првенството тој заминал во италијанскиот прволигаш Јувентус на заем со можност за откуп на неговиот договор за 5 милиони евра по крајот на сезоната.
Своето деби за италијанскиот гигант Естигарибија го имаше на 16 октомври на гостувањето кај Кјево кога влезе како замена на местото на Емануеле Џакерини во 80-тата минута од мечот што заврши без голови.Во следното коло тој беше за стартер за Јуве на Јувентус Стадион против Џенова. Својот прв гол во црно-белиот дрес Естигарибија го постигнал на 29 ноември 2011 во дербито против Наполи на Сан Паоло што завршило со нерешени 3-3.
На крајот на сезоната Јувентус го освоил првото место во Серија А, стигнувајќи до нивното 30-то скудето во историјата на клубот, а прво лично во кариерата за Естигарибија.
Сепак, по завршувањето на сезоната Јувентус одлучил да не го откупи Естигарибија и тој морал да се сврти кон барање на друг клуб.
Сампдорија
На 4 август 2012 екипата на Сампдорија го потврдила доаѓањето на Естигарибија во Џенова преку нивното официјално мрежно место.
Remove ads
Титули
Јувентус
Серија А (1) : 2011-2012
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads