Марсејеза
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Марсејеза (франц.: La Marseillaise, што значи: Марсејска песна) — државна химна на Франција.
Марсејезата ја напишал Клод Жозеф Руже де Лил[1] во ноќта помеѓу 25. и 26 април 1792 година, во текот на објавувањето на војната на Австрија во Стразбур. Најпрво таа се викала Марш на армијата на Рајна (Chant de guerre pour l'armée du Rhin) и била посветена на грофот Николас Лакнер, заповедник и гувернер на Стразбур. Името го добила на 30 јули 1792 година, затоа што се пеела при влегувањето на 500 доброволци од Марсеј во Париз.
На 14 јули 1795 година Марсејезата била прогласена за државна химна на Франција.
Remove ads
Текст
Марсејезата е составена од 7 строфи и рефрен, но на официјални настани се исполнуваат само првата строфа и рефренот. Музиката и текстот на песната претрпеле многу промени во текот на годините.
Поради воениот карактер на оваа песна, често нејзиниот текст бил критикуван како агресивен. Затоа, имало повеќе обиди за повторно пишување на текстот, но сепак тој останал непроменет, бидејќи се смета за симбол на Француската револуција.
(првата строфа и рефренот:)
Allons enfants de la Patrie, рефрен: Aux armes, citoyens, |
Ајде, деца на татковината! рефрен: На оружје, граѓани! |
Remove ads
Надворешни врски
- Марсејезата поневоинствена Архивирано на 25 септември 2011 г., весник “Вечер“, бр. 13606, 21 септември 2007 г.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads