Марсови месечини
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Марс има два мали сателити, Фобос и Дејмос, за кои се смета дека се заробени астероиди.


Двата сателити биле откриени во 1877 г. од Асаф Хол, и наречени според ликовите Фобос (паника/страв) и Дејмос (терор/ужас) кои, во старогрчката митологија, го следеле својот татко Арес, богот на војната, во битките. Арес кај Римјаните бил познат како Марс.
Remove ads
Историја
Откривањето на двата сателити на Марс, Фобос и Дејмос, се случило во 1877 год. кога американскиот астроном Асаф Хол ги идентификувал после долга потрага, иако нивното постоење се шпекулирало и пред тоа.
Рани шпекулации
Можноста за постоење на марсови сателити била шпекулирана уште пред откривањето од Хол. Астрономот Јоханес Кеплер (1571-1630) дури и точно го предвидел нивниот број, иако со погрешна логика: тој напишал дека откако Јупитер имал четири познати сателити и Земјата имала еден, било само природно дека Марс треба да има два.[1]
![]() | Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads