Матеница (река)
река кај Банско, Пиринска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Матеница (бугарски: Мътеница) или Седрулска Река, Садруле (до 25 јули 1989 г. Матан Дере, Матан)[1] — река во Општина Банско, Пиринска Македонија, лева притока на Места. Долга е 17,5 км и заедно со реката Доспат и Доспатската Котлина ја образува границата меѓу Велиичко-виденичкиот Дел на Родопите од север и Доспат Планина од југ.[2]
Реката извира од југозападните падини на врвот Шипоко (Ѓултепе). Първоначално тече на северозапад. По 6 км свртува на југозпад и образува лак. Во долното течение е позната како Седрулска Река. Минува покрај с. Гостун и се влева во Места. Средниот наклон на реката изнесува 55 ‰, за сливот зафаќа 57 км2 при средна надморска височина од 1.350 м. Средниот годишен истек е 0,875 м3/с, напојувајќи се од снег и дожд. Реката е најполноводна напролет на најслабоводна лете и наесен.[2]
Долината на реката е обрасната со иглолисни и мешани шуми во горниот дел, а со кафеав габер и даб во долниот. Во горното течение тлото е гранитно и гранитогнајсно, а во долното има езерски наслаги од вулканско и палеогенско потекло.[2]
Главни протоки: → лева, ← десна:
- ← Граничка Река
- ← Калничка Река
- ← Ковачев Дол[2]
Remove ads
Поврзано
- Доспатска Котлина
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads