Мачешка змија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мачешка змија (науч. Telescopus fallax) — отровна змија од семејството на смоковите (Colubridae) што живее во Македонија[2], по Средоземјето и на подрачјето на Кавказ.
Remove ads
Распространетост
Покрај Македонија, оваа змија се среќава во Италија, Грција (Парос, Антипарос, Турлос, Крит, Калимнос, Самос, Милос, Крф), Албанија, крајбрежна Словенија, Хрватска (вкл. некои јадрански острови), Херцеговина, Црна Гора, јужна Бугарија, Турција, Малта, Кипар, Иран, Ирак, Сирија, Израел, јужна Русија (Кавказ, Дагестан), Ерменија, Грузија и Азербејџан.
Опис и поведение
Иако е отровна, мачешката змија не е закана за луѓето бидејќи забите ѝ се наоѓаат на задниот дел од горната вилица, со кои не може да касне човек. Ваквите заби сепак се погодни за усмртување на нејзиниот природен плен.
Исхрана
Оваа змија се храни претежно со гекони и гуштери.
Пленот се каснува и се пушта да си отиде, чекајќи да делува отровот. Потоа го опипува воздухот и со тоа пронаоѓа каде заминало животното. Кога ќе го најде усмртеното или парализирано животно, го голтнува цело, почнувајќи од главата.
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads