Мајкл Спенс

канадски економист From Wikipedia, the free encyclopedia

Мајкл Спенс
Remove ads

Мајкл Ендру Спенс (англиски: Michael Andrew Spence; р. 7 ноември 1943 ) — американски економист и добитник на Нобеловата награда за економија во 2001 година, заедно со Џорџ Акерлоф и Џозеф Стиглиц, за нивната работа на динамиката на тековите на информации и пазарниот развој.

Кратки факти Роден, Националност ...
Remove ads

Кариера

Спенс е веројатно најпознат по неговиот модел за сигнали на пазарот на труд, кој активирал голем дел од литературата во овој дел на теоријата на договор. Во овој модел, вработените сигналираат за нивните соодветни вештини до работодавците преку добивање одреден степен на образование, што за нив претставува трошок. Работодавците ќе платат повисоки надници на пообразованите вработени, бидејќи тие знаат дека соодност на вработени со повисоки вештини е повисок помеѓу образованите, бидејќи е поевтино за нив да стекнат образование отколку за вработени со ниски вештини. За овој модел да работи, не е неопходно образованието да има некоја внатрешна вредност, ако може да испорача информација околу испраќачот (вработениот) до примаќот (работодавецот) и ако сигналот има цена.

Спенс своето образование го здобил на Универзитетот во Торонто. Во 1966 година му била доделена стипендијата Роудс на Оксфордскиот универзитет по дипломирањето на Принстон со диплома по филозофија. Студирал математика на Оксфорд.[1] Спенс е поранешен декан на бизнис-школата на Стенфорд и е претседавач на комисијата за раст и развој.

Спенс се приклучил на Стерновата бизнис-школа на Њујоршкиот универзитет на 1 септември 2010 година.[2]

Тој е постар член на институцијата Хувер на Стенфорд. Спенс е исто така комесар на глоблната комисија за управување со интернетот.[3]

Тој е постојан придонесувач на проектот Синдикат, меѓународен синдикат на весници, од 2008 година. Помеѓу неговите верувања се она дека високофрекфентното тргување треба да биде забрането.[4]

Remove ads

Избрани трудови

  • „Сигнали на пазарот на труд“. Quarterly Journal of Economics. The MIT Press. 87 (3): 355–374. 1973. doi:10.2307/1882010. JSTOR 1882010.
  • Пазарни сигнали: Трансферот на информации во вработување и поврзани процеси. Кембриџ, Масачусетс: Harvard University Press. 1974. ISBN 978-0674549906.
  • Следната конвергенција: Иднината на економскиот раст во светот со повеќе брзини. Њујорк: Farrar, Straus and Giroux. May 2011. ISBN 9781429968713.
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads