Мбабане
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мбабане, со околу 70.000 жители, е главен град на Свазиленд. Тој се наоѓа на реката Мбабане и нејзината притока Полингане, на планините Мдимба. Географските координати на Мбабане се 26°19' јужно и 31°8' источно (-26.31667, 31.1333).
Градот се зголеми откога националниот административен центар се пресели од Манцини во 1902. Тој е и комерцијално одредиште за околниот регион. Постојат рудници за железо во негова близина.
Јазици кои се зборуваат во Мбабане се свази, а англискиот е доста распространет. Овој град (како и целиот Свазиленд) се одржуваат од туризам и извоз на шеќер.
Просечната температура е 15 °C во јули и 22 °C во јануари. Мбабане е збратимен со Форт Ворт од Тексас, САД.
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads