Медеја (драма на Пјер Корнеј)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Медеја (француски: Médée) - драма (трагедија) на францускиот писател Пјер Корнеј од 1635 година.
Содржина
Централната тема во драмата се љубомората и одмаздата. Медеја е изневерена од сопругот (кој се оженил со Креуза) и страшно му се одмаздува така што ги убива децата.[1]
Осврт кон драмата
„Медеја“ е првата драма на Корнеј во која тој зел тема од античката книжевност. Притоа, тој ги оставил настрана грчкиот модел на Еврипид како и францускиот модел на Ла Периз и се органичил на оној на Сенека Трагичарот, латински второкласен писател кој се одликувал со сјаен стил и се служел со сценските ефекти, а не со вистинската трагичност. Исто така, за разлика од неговите современици, Корнеј имал прекрасен стил, а драмата била напишана со силни, правилни и сугестивни стихови. Оваа трагедија, според формата, содржината и стилот, ја најавила величественоста на она што подоцна било наречено „корнејовска трагедија“. Новите квалитети на драмата веднаш биле прифатени како од страна на критиката така и од публиката. Оттука, од сите страни пристигнувале пофалби и ласкања за младиот писател на „Медеја“.[2]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads