Мелетиј I Цариградски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Мелетиј I Цариградскиалександриски патријарх меѓу 1590 и 1601 година. Во периодот од 1597 до 1598 година тој бил месточувар на Вселенскиот патријарх. Тој се чествува како светец во источната православна црква.[1]

Кратки факти Црква, Ракоположен ...
Remove ads

Живот

Мелетиј е роден во Кандија (Ираклион) на островот Крит, во тој период главен град на венецијанското Кралство Кандија во 1549 година,[2] каде тој изучувал класична филологија, филозоија и медицина во Падова. Тој бил избран за протосинкел на Александрискиот патријарх Силвестер, по чија смрт тој бил негов наследник на 5 август 1590 година.[3]

Иако бил поддржувач на доктрината на пресуштествување, тој бил голем противник на Католичката црква, и се обидувал да ја обедини Грчката црква со Коптската црква. Во 1593 година тој учествуал на синодот во Цариград кој го потврдил основањето на Московската патријаршија.[1]

Без да се повлече од позицијата на Александриски патријарх, тој бил местодржец во Цариградската патријаршија во периодот од декември 1596 година до февруари 1597 година, и од март 1597 до април 1598 година, кога поднел оставка за да продолжи да се грижи за неговото Египетско намесништво.[2]

Починал во Александрија на 12 септември 1601 година.[2]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads