Мелхиор

From Wikipedia, the free encyclopedia

Мелхиор
Remove ads

Мелхиор — еден од библиските мудреци, заедно со Каспар и Валтазар, кои го посетиле бебето Исус по неговото раѓање. Мелхиор честопати бил нарекуван најстар од групата мудреци. Традиционално, тој бил наречен цар на Персија и му донел на Исус подарок злато. Во западната христијанска црква тој се смета за светец (како и другите двајца мудреци).

Thumb
Мелхиор со бебето Исус

Традиција

Евангелијата во Новиот завет не ги даваат имињата на мудреците (или дури и нивниот број), но нивните традиционални имиња се припишуваат на грчки ракопис од 500 г. од нашата ера, преведен на латински и општо прифатен како извор на имињата.[1] Мелхиор бил опишан од Свети Беда во VIII век како „старец со седа коса и долга брада“.[2] Мелхиор често се нарекува и цар на Персија. Следејќи ја Витлеемската ѕвезда, мудреците прво пристигнале во палатата на Ирод Велики, кој потоа ги замолил мудреците да го најдат бебето Исус и да му се јават. Пристигнувајќи кај него, мудреците му се поклониле и ги отвориле своите дарови, а Мелхиор подарил злато за да го симболизира Исусовото владеење над светот.[3][4][5] Според средновековниот календар на светци, по враќањето во Персија, Мелхиор повторно се сретнал со другите мудреци во 54 г. н. е. во Ерменското Кралство за да го прослави Божиќ пред да умре на 116-годишна возраст на 1 јануари 55 г.[6]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads