Мембрански потенцијал
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Клетките во организмот, кои можат да пренесуваат електрохемиски импулси низ својата мембрана се нарекуваат ексцитабилни клетки. Тоа се посебно однесува на нервните и мускулните влакна. Електрохемиските импулси можат да се пренесуваат и низ мембраната на жлездените клетки, а во исклучителни услови и низ сите клетки во организмот.
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
![]() | Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Remove ads
Мембрански потенцијал
Неопходен услов во создавање на мембрански потенцијал е поголема концентрација на дифузибилни позитивни јони од едната страна на мембраната отколку од другата страна на мембраната (бидејќи мембраната на сите клетки во организмот е обложена со позитивни и негативни јони кои се во напон). Ако тој услов не е исполнет, ќе дифундираат во обете насоки еднаков број на позитивни јони, па нема да дојде до создавање на разлика во потенцијалите. Со други зборови, потенцијалот е пропорционален со разликата во тенденцијата на јоните да дифундираат во еден и во друга насока. Таа тенденција е пропорционална на логаритамот на концентрацијата на дифузибилните јони (кај телесна температура од 37 степени Целзиусови) во склад со оваа формула:
EMS(во миливолти) = 61*log((koncentracija 1)/(koncentracija 2))
Кога концентрацијата на позитивни јони од десната страна на мембраната е 10 пати поголема од концентрацијата од лева страна, а логаритам со основа 10 од 10 е 1, тогаш разликата во потенцијал е 61 миливолт.
Сумарно може да се каже дека се потребни два услова за настанување на мембрански потенцијал:
1) Мембраната мора да биде семипермеабилна, така што дозволува многу полесна дифузија на јони од еден вид на полнеж низ порите на мембраната отколку на јони со спротивниот полнеж.
2) Концентрацијата на дифузибилни јони од едната страна на мембраната мора да биде поголема од концентрацијата на другата страна на мембраната.
Remove ads
Електрохемиски импулс
Во услов на напонско мирување, мембраната на нервните и мускулните влакна е 20 до 100 пати попермеабилна за калиум отколку за натриум. Меѓутоа, кога е мембраната ексцитирана и долж нејзе се пренесе електрохемиски импулс, таа моментално станува попермеабилна за натриум отколку за калиум. Токму таа брза промена во пермеабилноста на мембраната за обете јони е причина што електрохемискиот импулс се пренесува долж нервните и мусклулните влакна.
Remove ads
Поврзано
Литература
Arthur C. Guyton, M.D, Учебник по медицинска физиологија.
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads