Менемени
населба во Солун From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Менемени (грчки: Μενεμένη), постаро име: Нов Менемен (Νέα Μαινεμένη, Неја Менемени) — населба западниот дел на Солун, Егејска Македонија и седиште на општината Амбелокипи-Менемени. Населението брои 14.297 жители (2021).
Remove ads
Историја
Населбата е основана во 1922 г. кога тука биле доведени околу 160 грчки семејства од истоименото село Менемени во Мала Азија (денес Менемен). На пописот од 1928 г. Менемени се состоело од 114 семејства со вкупно 496 жители, сите грчки доселеници.[2] Истата година почнала изградбата на црквата „Св. Петка“ со облик на куполна трикорабна базилика, наречена по истоимената црква во старото село Менемени во Турција. Првите жители се занимавале исклучиво со земјоделство, но потоа почнале да се занимаваат и лозарство и сточарство. Денес многумина имаат градски занимања.
Со владина наредба во 1934 г. кон Менемени се приклучени новооснованите доселенички населби Ново Арманќој и Нов Босфор. Така зголемена, во 1940 г. населбата е заведена со 2.571 жител.[2] По Втората светска војна населението доживеало голем пораст поради близината на Солун.
Remove ads
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Знаменитости
- „Св. Хрисостом Сирин“ — споменик посветен на т.н. Малоазиска катастрофа до црквата „Св. Петка“
- Споменик на паднатите борци на плоштадот „Св. Нектариј“
- Индиски гробишта на Антантата, каде се погребани војници од Индија регрутирани од Британците во Првата светска војна
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads