Мери Енинг

From Wikipedia, the free encyclopedia

Мери Енинг
Remove ads

Мери Енинг (21 мај 1799 – 9 март 1847) била англиски палеонтолог која се прочула низ целиот свет за нејзините важни откритија кои ги откри во Јура. Нејзините откритија придонеле за важни промени во научните ставови за праисторискиот животот и историјата на Земјата.

Кратки факти Мери Енинг, Роден(а) ...

Мери Енинг барала фосили во областа на Blue Lias, особено во текот на зимата. Таа замалку ќе умрела во 1833 од лизгање на земјиштето кое што го убило нејзиното куче, Треј. Нејзините најбитни откритија биле првиот ихтиосаурус скелет; првите два комплетни плесиосаурус скелети; првиот птеросаур скелет што се наоѓа надвор Германија; и важни фосили од риба. Нејзините согледувања одиграле клучна улога во откривањето дека копролитите, познати како и безоар камења во времето, биле фосилни измети. Таа, исто така, открила дека белемнајт фосилите содржеле фосилизирани ќесички со мастило  како оние кои ги имаат главонозите. 

Енинг не учествувала  целосно во научната заедница на 19-век во Британија, кои во главно биле англиски господа. Таа финансиски се мачела. Нејзиното семејство било сиромашно, и нејзиниот татко, кој бил столар, умрел кога таа имала единаесет години.

Таа станала позната во геолошките кругови во Британија, Европа и Америка, и била консултирана за прашања од анатомијата, како и за собирање на фосили. Сепак, како жена, таа немала право да се приклучи на Геолошкото Друштво на Лондон и таа не добивала секогаш признание за нејзините научни придонеси.Таа напишал писмо: "Светот ме третирал толку неправедно што се плашам дека ме направи да се сомневам во сите." Единственото нејзино научно пишување објавено во нејзиниот живот било во Списанието на Природна Историја во 1839 година.[2]

По нејзината смрт, во 1847, нејзината необична животна приказна привлекла поголем интерес. Некој втор на којшто не му дале признание, напишал за неа во 1865 дека „ Ќерката на столарот добила титула, и заслужила да ја добие“. Нејзината слава пак пораснала во почетокот на дваесеттиот век.

Remove ads

Живот и кариера

Во раното детство

Thumb
Лајм Регис, Дорсет

Енинг е родена во Лајм Регис, Дорсет, Англија. Нејзиниот татко, Ричард Енинг, бил столар а заработувл и преку рударство. Тој се оженил со Мери Мур, позната и како Моли, на 8 август 1793 во Бландфорд Форум. Парот се преселил во Лајм и живеел во куќа изградена на градскиот мост. Шели Емлинг пишува дека фамилијата живеела толку блиску до морето што бурата која удирала по карпите им влегувала дома што морале да ги затвораат прозорците на горниот спрат за да не бидат поплавени. 

Thumb
Сина плоча каде Мери Енинг е родена и ја основала нејзината прва продавница за фосили. Денес е музеј.
Thumb
1842 скица на куќата на фамилијата Енинг

Ричард и Моли имале десет деца.[3] Првото дете, Мери, е родена во 1794 година. Таа била проследена со друго девојче, кое починало одма после раѓањето; Јосиф во 1796; и друг син во 1798 година, кој починал додека бил бебе. Во декември таа година, најстарото дете, кое имало 4 години, починало откако нејзината облека се запалила. Инцидентот бил објавен во весниците. Кога друга ќерка е родена само пет месеци подоцна, таа била именувана Мери по нејзината мртва сестра. Повеќе деца биле родени по неа, но ниту една од нив не преживеало повеќе од неколку години. Само Мери и Јосиф преживеале до зрелата возраст.[4] 

На 19 август 1800, кога Енинг имала 15 месеци, се случил настан кој подоцна се прераскажувал. Сосетката која стоела покрај три други жени од дрво ја држела Енинг во раце. Удрил гром и сите три жени умреле, и само Енинг останала жива, за што и докторот рекол дека е чудо.[5]

Нејзиното образование било ограничено. Таа присуствувала на Верското Неделно училиште каде што научила да пишува и чита. Таа поседувала списание за теологија во кое семејниот свештеник имал објавено 2 статии, во едната статија зборувал дека Господ го создал светот за 6 дена, а во втората зборувал за науката геологија.[6]

Фосилите како семеен бизнис

Thumb
Карпите во Лајм Регис.
Thumb
Брегот во Шармаут, Дорсет.

Од крајот на 18 век, Лајм Регис стнал популарно место за одмор, каде доаѓале голем број богати туристи и луѓе од средната класа. Дури и пред времето на Мери, локалните трговци на туристите им продавале фосили.

Најголем дел од овие фосили потекнувале од крајбрежните карпи околу Лајм Регис. Тие карпие содржеле седиментиод Јура периодот ( од пред 210-195 милиони години) и се смта за една од најбогатите локации со фосили во Британија. Лизгањето на земјиштето секогаш предизвикувало да се појават нови фосили.

Таткото на Мери, Ричард, често ги носел децата кога заминувал на експедиција на потрага по фосили, кои ги продавал на туристите. Тоа биле времиња на сиромаштија за населението, имало немири во Дорсет поради високата цена на лебот.[7]

Религијата на која припаѓало семејството на Мери била дискриминирана, и не им було дозолувано да учат факултет или да роботат во војска. Татко и имал туберкулоза и кога умрел во ноември 1810, ја оставил фамилијата во долгови.

Семејството продолжило да продава фосили по смртта на таткото. [8]

Thumb
Цртеж од 1814 година на Едвард Хоум, на кој е прикажан череп од Ichthyosaurus platyodon.[9]
Remove ads

Белешки

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads