Меро
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Меро (англиски: Mayreau) е остров во Свети Винцент и Гренадини, дел од островската група на Гренадини.
Remove ads
Географија
Меро е најмал населен остров во Гренадините со вкупна површина од 1.1 километар квадратен. Островот е дом на 271 жител.[1] Населението претежно е сместено во селото Стејшн Хил, кое воедно е име и на брдо, во југозападниот дел од островот.
Островот се наоѓа североисточно од Јунион и југозападно од Кануан. Околу островот има помали ненаселени острови, односно островчињата Табаго на исток, Католик со околни три издигнати карпи и една карпа која се наоѓа северно од Меро. Во заливот Винвард се наоѓаат познатите локални топли извори.
Remove ads
Социјален живот
Населението е релативно изолирано за разлика од остатокот на земјата. На островот се пристигнува само со брод. Електрична енергија во скоро време била поставена во селата, поточно во 2000 година. На островот има централен генератор кој се наоѓа во Салин Беј. Има еден бетонски пат на островот, кој поминува низ Слтвисл Беј. На островот има едно училиште, телекомуникациска зграда, католичка црква и пенгтакостална црква.
Remove ads
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads