Мерс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мерс или Мерс (герм. Moers, застарено: Mörs; архаично хол. Murse, Murs или Meurs) — град во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, Германија, сместен на левиот брег на реката Рајна. Припаѓа на округот Везел. Ова е најголемиот град во Германија што не е урбано подрачје и нема такви должности.
Remove ads
Историја

Мерс за првпат се споменува во 1186 г. како Војводство Мерс - независно кнежевство во рамките на Светото Римско Царство.
За време на Осумдесетгодишната војна градот наизменично потпаѓа под шпанска и холандска власт, поради близината на Горната четврт на војводството Гелдерн. По војната градот му припаднал на Мориц Орански. Потоа бил одделен од Холандската Република и присоединет кон Горен Гелдерн (под шпанска власт).
По смртта на Вилем III Орански во 1702 г, Мерс му припаднал на кралот на Прусија. Тогаш се истерани сите холандски војници и службеници.
Во 1795 г. Мерс е припоен кон Франција. Со Виенскиот конгрес во 1815 градот ѝ се враќа на Прусија, а во 1871 станува дел од Германско Царство.
За време на II светска војна во Мерс се произведувала синтетичка нафта за воени потреби. По војната производствените капацитети биле делумно затворени[2].
Remove ads
Збратимени градови
Мерс е збратимен со следниве места:
1966 Мезон-Алфор
1974 Бапом
1980 Ноузли (Мерсисајд)
1987 Рамла
1989 Ла Тринидад
1990 Зелов (Бранденбург)
Поврзано
- Мерски фестивал
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads